Трамп ќе ја подари својата претседателска плата, медиумите треба да одлучат кому

Трамп планира да ја донира својата плата во износ од 400.000 долари и на медиумите ќе им дозволи да одлучат каде да заминат овие пари, рече портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер.

Иако тоа предизвика смеа меѓу новинарите, Спајсер рече дека барањето е сериозно, пренесуваат американските медиуми.

Начинот да го избегнеме преиспитувањето е на медиумите да им дозволиме да одлучат каде парите ќе заминат, рече Спајсер.

Подарувањето на платата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во изборната  кампања, потсети Спајсер.