Несреќата се случила во четвртокот во рудникот „Донгронг“ во североисточната кинеска провинција Хеилонгјианг. Спасувачките екипи дури синоќа успеале да ги пронајдат телата на загинатите.
Кинеската полиција притворила двајца заварувачи поради наводно сериозно кршење на безбедносните прописи, а менаџерот на рудникот е суспендиран.