Судијата Рибарев ја презеде функцијата в.д. претседател на Основиот суд Скопје 1

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска в.д. претседателот на судот, судијата Татјана Михајлова му ја предаде функцијата на судијата Стојанче Рибарев кој од денеска започна со извршување на функцијата в.д. претседател на судот.

– Воедно во текот на денешниот ден, новиот в.д. претседател одржа состанок со сите судии при овој суд, како и состанок со раководителите на судската администрација, за тековните активности и работа во судот, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Оттаму истакнуваат дека со цел транспарентно и прецизно информирање на јавноста во текот на утрешниот ден на веб – страницата на судот ќе биде објавен месечниот  извештај за работа на судот за изминатиот месец.