Поттикнат од политичките случувања во нашата земја, популарниот пејач Наум Петрески денес преку Фејсбук го искажа своето мислење и порача дека треба да ја сакаме и да ја заштитиме Македонија.
Добро утро на сите. Не можам, а да не ја искоментирам оваа сериозна ситуација во која не вовлекоа нашиве (не можам да ги наречам политичари бидејки немаат ”П” од политика) правници, економисти, доктори и сите што се обидоа од осамостојувањето па до сега да бистрат политика (најмногу за зголемување на своите големи финансиски апетити и моќта што оди со финансиите).
– Неколку дена сум сведок на големи раздори мегу нас Македонците поттикнати од нашите најголеми партии. Сакам да им порачам на сите Македонци, Бугари, Срби, Албанци, Власи, Турци, Роми и сите други што живеат на ова парче земја на Балканот што се вика Македонија (сакале некои или не), дека многу е лесно да се раскине врската и соживотот (вистински, а не лажен) меѓу сите нас како што веќе многу роднини и пријатели, браќа и сестри што ги раскинаа меѓусебните врски од политички причини, но да ви кажам дека после сѐ нема и не постои такво лепило со кое ќе се залепат истите тие раскинати меѓусебни односи, пријателски и роднински врски што траеле долги години пред да се родиме ние.
– Не можев сношти да се начудам на ситуацијата кај нас да една странска државјанка и наша комшика ја негира Македонија во Македонија додека сите се излезени на улици низ државава, а никој не потегнува ништо за спречување на тие антидржавни дејствија. Во високо рангираните западни држави, а верувам и низ државите во целиот свет ќе беше спречена, уапсена, испитувана и депортирана со печат „Персона нон грата“. А луѓето што не ја сакаат нашата химна и знаме, па и не мора, доволно е да ја почитуваат, но и тоа не го прават. Лесно е да се предизвика војна, но треба сите да се присетат како бегаа од Косово и кај беа примени. Мислам дека ако се почне со оружје, овој пат нема да се застане ни пред тепсии со баклава, а под баклавата златници. Знаат некои на што мислам, ова е историја. Поздрав до сите и користете го својот „ум“ или мозок сеедно. Да ја сакаме и заштитиме Македонија.