
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од девет до 16 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Зголемување на облачноста ќе има во четврток и во недела кога ќе има услови и за слаб локален дожд. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст особено за викендот и во првите денови од наредната недела.