Германските цариници заплениле пратка наменета за во Ватикан во која се наоѓаче 14 кондоми наполнети со кокаин, пишуваат германските медиуми. Како што наведува „Билд“ пратката содржела 340 гр. кокаин, чијашто вредност се проценува на 40 илјади евра. Пратката била запленета на меѓународниот аеродром во Лајпциг, уште во јануари.Пратката била испратена од Јужна Америка,но не е наведено за која земја станува збор.
Кокаинот, како што пренесува АФП, во течна состојба бил ставен во кондомите и така спакуван, а пратката била наменета за главната пошта во Ватикан.Германскиот обвинител верува дека примачот на пратката, кој не е идентификуван, дознал дека цариниците ја откриле содржината на пратката.
Моментно, канцеларијата на Интерпол во Ватикан го истражуваат овој случај заедно со германската полиција, но германските официјални лица се уште не го коментирале овој случај.