
Деновиве Четкар се наоѓа во Тајланд каде неодамна настапи во Банкок на чиј концерт му гостуваше саксофонистот Кох ‘Мистер Саксман’ кој е еден од најпознатите џез музичари во Тајланд и југисточна Азија.
Покрај настапите Четкар во Тајланд снимаше и емисија за националната телевизија Брајт ТВ ( Bright TV ) која ќе се емитува во почетокот на aприл. Емисијата ја водат популарните Тајландски шоумени, Синчерон Бродерс и е посветена за музиката на Четкар и за животот во Македонија и Њујорк.
Пред да дојде во Тајланд Четкар со својот септет настапи во Џакарта, Индонезија на еден од најголемите џез фестивали во светот, Џава Џез фестивал.