Дескоска, Шилегов, Николов, Локвенец, Ковачевски и Пауновски носители на листи на СДСМ

Професорката Рената Тренеска Дескоска е носител на пратеничката листа на СДСМ за првата скопска изборна единица, објави а1он.мк

Во кумановска двојка опозицијата ќе ја предводи портпаролот Петре Шилегов.

Досегашниот пратеник Маријанчо Николов е прв во третата изборна единица, а Хари Локвенец ќе ја предводи четворката.

Претседателот на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски е носител на листата во петата изборна единица, а Стојко Пауновски ќе ги води социјалдемократите во шестата изборна единица.

Високо во првата изборна единица се и Софија Куновска, претседателот на младите на СДСМ Стефан Богоев и Солза Грчева.

Ова се информации кои А1 он ги дозна од партиски извори, во тек е седница на извршниот одбор, по што ќе заседава централното претседателство. Последниот збор кој ќе биде кандидат на СДСМ ќе каже конгресот на попладневната седница.