Голема чест и задоволство е да бидете номинирани, а потоа и наградени за најуслужна Агенција за странски инвестиции и промоција на извоз, со презентирани најдобри практики во изминатиот период од десет години. Уште повеќе што оваа глобална награда доаѓа токму од рацете на реноминарата светска Организација за избор на стратегиски локации за инвестирање, што секако претставува дополнителен мотив да се продолжи во иста насока со имплементација на националната стратегија за привлекување странски компании во земјата преку креирање релевантна и кредибилна вредносна понуда за инвестирање во нашата земја, изјави заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Ивана Николиќ.
Роел Спее, еден од консултантите и член на Бордот на оваа Организација, кој ја врачи наградата, истакна дека неколку од главните критериуми и фактори според кои „Инвест Македонија“ е избрана за најуслужна Агенција за 2017 година се интензивна и посветена маркетинг промоција низ повеќе години која резултирала со поставување на Македонија на мапата на многу странски инвеститори, но и на консултантите како нив кои, како што рече, им помагаат на странските компании за избор на најдобра стратешка локација за инвестирање.
Други критериуми се позитивното искуство на консултантите во долго-годишната соработка со Агенцијата во сите фази од реализација на инвестициските проекти за кои бевме ангажирани од потенцијалните странски инвеститори при избор на најдобра локација и секако високото ниво на успешност во привлекување странски компании во РМ демонстрирани во двата типа на инвестициски проекти – новите гринфилд и тие што веќе беа присутни во земјата и ги проширија своите капацитети, рече Спее.
Николиќ, покрај тоа што учествуваше на годишната Конференција на Организацијата за избор на најдобри локации за инвестирање „Site Selectors Guild“, во рамки на посетата на САД оствари и средби и состаноци со потенцијални странски инвеститори.
Организацијата за избор на најдобри локации за инвестирање е глобална организација, единствена од ваков тип во светот која е составена од респектирани професионалци- консултанти за избор на стратешки локации за инвестирање.
Оваа престижна награда претходните години била доделена на Чешката, Ирската и Канадската агенција за инвестиции и развој.
ридонес во економскиот развој и презентирани најдобри практики во изминатата декада од работењето.