Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва организираше протестен марш во Кавадарци каде пред присутните се обрати актерот Петар Темелковски.
Тој ја нарече платформата од Тирана апокалиптична за Македонија, а националниот код на Македонците, како што рече, е во Светото писмо и Библијата.
– Никогаш не и се израдувавме на татковината. Со едната рака ја оравме, а со другата ја браневме. Прекрасно е и од Бога благословено да си Македонец. Македонија е икона на Балканот, рече Темелковски.