Притвор за соработникот на Заев

Кривичниот суд му одреди притовор од 30 дена на осомничениот за продажба и шверц на наркотици кој беше уапсен во акцијата која МВР ја спроведе вчера, а за кој медиумите пишуваа дека е близок соработник на претседателот на СДСМ Зоран Заев и негова врска со Зијадин Села.

Притвор е одреден и за останатите осомничени лица, освен за една девојка.

Основното јавно обвинителство денес соопшти дека МВР спровела оперативна акција против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава, информираат од обвинителството.

-Лицата од Прилеп, Битола и Арачиново се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик, стои во соопштението од Обвинителството.