Собир „За Заедничка Македонија“ пред Белата Куќа

Група Македонци се собраа пред Белата Куќа во неделата, во знак на поддршка на иницијативата „За Заедничка Македонија“. Со развиорени македонски знамиња и транспаренти тие упатија порака за зачувување на македонската држава, идентитет и јазик, пренесе Македонската Телевизија.

– Ја изразуваме нашата целосна поддршка за нашите браќа и сестри во Македонија. Да ја зачуваме нашата единствена татковина, нашата слобода и независност. Сега, кога сме свои на своето, нема да дозволиме никој друг да одлучува за нас, за нашата судбина и за иднината на нашите деца и внуци. Македонија е наша земја! Ова е наша битка! За Македонија одлучуваат Македонците и сите други лојални граѓани на Македонија, а не туѓинците и нивните јатаци, изјави професорката по македонски јазик Милка Ковач.

Собирот беше организиран во поддршка на секојдневните собири низ Македонија, како и во поголем број држави низ светот, како реакција на промовирањето на Тиранската платформа.