
Американскиот претседател, Барак Обама, рекол дека и покрај руската анексија на Крим, тој не ја гледа Европа како воено поле меѓу Истокот и Западот.
Во разговор за изданието на холандскиот „Де Фолкскрант“ објавен пред неговата посета на Амстердам, Обама рекол дека неговата порака до европските лидери е рускиот претседател, Владимир Путин, да ги разбере економските и политичките последици на неговите акции во Украина.
Руските акции ги збунија Европејците, но голем дел од лидерите на Европската унија се грижат поради акцијата кои би се загрозиле нивната економска и енергетска оспособеност на Русија.