
Ултимативно против платформата, илјадниот народ како никогаш до сега, организиран од граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, ги зацементира македонските позиции во однос на државните интереси.
Невидена енергија низ цела Македонија- луѓе стари и млади, од сите возрасти и националности излегоа по улиците за да се слушне нивниот глас.
Патриотски извици и пораки: Нема да помине платформата, Едно име имаме, Македонија е се што имаме- се извикуваше низ скопските улици.
Му беше подарен симбол на претседателот Ѓорге Иванов, маичка со порака 4 Илинден, како знак на благодарност за досегашните залагања и отстапениот термин за средба со Јоханес Хан.
Беа испратени и пораки до Хан дека на улиците има народ кој е повеќе од спремен да докаже дека во Македонија живеат горди луѓе, со високо крената глава и исправена кичма.
Битката на граѓаните продолжува и денес и се` до конечно остварување на целта.