Долго очекуваниот дуел помеѓу најголемите ривали за шампионската титула во шпанската Примера дивизион, Реал (М) и Барселона, заврши со минимален, но сосема заслужен триумф на каталонскиот гигант од 4:3.
Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси е најзаслужен што Барса ги освои сите три бода на „Сантијаго Бернабеу” и што каталонскиот гигант остана во игра за шампионската титула.
Маестралната партија, Меси ја круниса со нов хет-трик, иако вториот и третиот погодок ги постигна од белата точно, а од сега, Аргентинецот ќе биде познат и по тоа дека има постигнато најмногу погодоци, вкупно 20, кога станува збор за дуелите помеѓу вечните ривали од Примера дивизион.
Сигурен триум на гостувањето во Севилја, забележа моментално второпласираниот тим во шпанската Примера дивизион, Атлетико (М).
Првиот погодок во мрежата на Бетис беше дело на Габи Фернандез, а во листата на стрелци се запиша и новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста.
Премиерниот неделен натпревар од 29. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Осасуна и Севилја, заврши со минимален триумф на гостинот од 1:2.