Гугл ќе прави снимки од Скопје и позначајните туристички места во земјава, за нивната платформа „стрит вју“ (street view), најави министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
На тој начин, сите кои се приклучени на интернетот на Гугл пребарувајќи актуелни туристички места во земјава, ќе можат локациите да ги видат и во тродимензионално издание.
Како што најави министерот Ивановски, ќе се измапираат уличките од целата држава, а мапирањето ќе може да го прави секој граѓанин, бидејќи е од отворена платформа.