
Новинарите од новинските агенции АНСА и АДНкронос се меѓу оние кои планираат да штрајкуваат денеска, кога во Рим се одржува самит на ЕУ, посветен на 60-годишнината од потпишувањето на Римскиот договор, документ со кој се означи формирањето на Унијата.
Денес е важен ден за Европа и за Италија, каде над 800 новинари сакаат да го привлечат вниманието на своите проблеми, изјавија новинарите од АНСА.