Руските трупи денеска преземале контрола над нова украинска воена база во Крим, а притоа користеле шок бомби.
Во раните утрински часови руските војници ја нападнале поморската база во Феодосија, во западен Крим, користејќи оклопни транспортери и шок бомби, изјавил портпаролот на украинското минстерство за одбрана на Крим, Владисав Селезнјов, пренесува агенцијата АФП.
Русија минатата недела го припои Крим кон својата територија, наспроти противењата на меѓународната заедница.
Базата во Феодосија е една од неколкуте воени објекти на кои се’ уште се веело украинското знаме, после руската анексија.
Украинскиот поручник, Анатолиј Мозговој, во разговор со британска агенција потвдил дека базата е заземена од страна на руската војска, наведувајќи дека имало пукање и дека украинските војници биле разоружани.