Пролетна акција за садење 5000 дрвја во Скопје

– Денеска во општина Аеродром ја продолжуваме акцијата за садење на 5. 000  садници во Скопје, како дел од акцијата на Градот  што започна изминатата есен за засадување 1 милион садници на територијата Скопје, од кои 250. 000 дрвја се  на Град Скопје, а преостанатите на  ЈП „Македонски шуми“. Град Скопје  во рамките на пролетната акција за садење дрвја на територијата на градот заедно со општините  ќе сади дрвја по дрвореди на булеварите, на јавни зелени површини и  во новите паркови.  Денеска во новоподигнатата зелена површина на раскрсницата на булеварот Видое Смилевски Бато со булеварот Февруарски поход ќе засадиме  околу 100  листопадни  садници.  Во консултација со Општината Аеродром се избираат локации за садење затоа што нивната администрација е најдобро информиране каде има потреба од нови садници. Овие квалитетни листопадни садници се набавени од ЈП„Паркови зеленило“ со финансиски средства издвоени од Буџетот на Град Скопје. Се надеваме дека за 10 дена ќе бидат засадени сите садници на планираните локации, истакна градоначалникот Трајановски.

6

Денеска  во новоподигнатата зелена површина на раскрсницата на булеварот Видое Смилевски Бато со булеварот Февруарски поход беа засадени јавори,каталпи,брези, сорбуси, гинко и други  видови листопадни дрвја. Ова зеленило се подига на  површина на 6.800 квадратни метри и во него ќе биде поставена хидрантска мрежа од 500 должни метри, систем за полевање со 70 прскалки, како и 20 хидранти за рачно полевање на зеленилото.

3

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, го изрази своето задоволство од одличната соработка со Градот Скопје и нагласи дека на негово задоволство и на задоволство на сите  граѓани на  Општина Аеродром и оваа пролет, односно од понеделникот е почнато садењето низ општината. Тој го најави и  поставувањето на системот за наводнување  и садењето на 100 дрвја во  паркот Нинберг што треба да заврши за 15 дена. Исто така, градоначалникот Коневски истакна  дека планираат да го реализаат планот да засадат 50.000 садници на територијата на општина Аеродром.

4

Градот Скопје континуирано работи на подигаме нови зелени површини и уредуваме нови катчиња за одмор и рекреација во природа, со што  придонесуваме за почиста животна средина и за зачувување на здравјето на граѓаните.