Будуќност го отпушти Вилијамс

Маркус Вилијамс веќе не е во нашиот тим. Ова е одлуката на целиот стручен штаб. Тој покажа непочитување кон клубот, кон дресот што го носи, кон соиграчите и тренерите, како и на тренинзите, изјави тренерот Илијас Зурос.

Вилијамс во Будуќност пристигна како големо засилување но не ги оправда целосно очекувањата, а незадоволството од неговата игра кулминира на последниот меч во Белград кога црногорскиот тим загуби од Црвена звезда во првиот дуел од полуфиналето во АБА лигата.

Утре двете екипи ќе го играат вториот дуел во пресметката прв до две победи.