Од денеска во сообраќај на редовните линии се пуштени панорамските автобуси, информираат од ЈСП „Скопје“.
Автобусите за панорамско разгледување на главниот град ќе сообраќаат во два термина во 11 и во 13 часот.
Најголем број туристи минатата година го посетиле Скопје, а според податоците на Државниот завод за статистика, се евидентирани 701.794 туристи, од кои 399.680 странски.