Вкупно 1.881 барања се доставени во првиот рок, а во вториот продолжен рок се доставени се уште 198 барања.
Од доставените вкупно 2.079 барања, решени се само 466 предмети, додека 13 барања се одбиени поради несоодветна техничка документација или зашто не ги исполнуваат урбанистичките критериуми, вели Катерина Постолова од Општина Чешиново – Облешево.
Останува во наредниот период во општината да бидат решени и оние дивоградби за кои граѓаните поднеле соодветна докуменатација во законски определениот рок до крајот на 2016 година.