Поради климатските промени, ги советува земјоделците дека е најдобро да користат нови хибридни сорти семе, кои се поотпорни на суши и на болести и кои даваат поголеми приноси.
Земјоделците располагаат со потребната механизација и репроматеријали и доколку временските услови дозволат се очекува сеидбата да заврши во оптималниот рок.
Фармерите имаат и можност во случај на суша или невреме да ги осигураат нивните посеви, и да побараат субвенција со која ќе покријат 60 проценти од трошоците од вредноста на полисата.
Со пролетната сеидба се опфатени скоро 74.000 хектари и тоа со жита, ориз, пченка индустриски, фуражни и градинарски култури, а со есенската беа насеани 130.000 хектари претежно со житни култури.