
Шкотскиот парламент го усвои предлогот на премиерката Никола Страџен да се одржи референдум за независност на оваа земја.
Референдумот би требало да се одржи до крајот на 2018 или почетокот на 2019 година кога ќе биде дефинирано излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Шкотска на референдумот во 2014 година гласаше против независноста, но Страџен тврди дека од тогаш се промениле околностите.