ЕПП: Да престане финансирањето на нестабилност со соросови пари во Македонија

На Конгресот на Европската Народна партија се дискутираше за предизвиците на Балканот и негова брза интеграција во Европската Унија. Во име на Европската народна партија се обрати и словенечкиот политички лидер Јанез Јанша, кој даде поддршка на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Тој изјави дека Европската народна партија секогаш ќе продолжи со поддршка на сестринските партии и дека недозовливо е примена на селективна правда и финансирање на нестабилност со соросови пари како што е случајот во Македонија.

– Како семејство на Европски народни партии секогаш ќе продолжиме да ги подржуваме нашите сестрински партии во Европа и непомагајќи им на левичарите да ги уништуваат некогаш со селективна правда, со парите на СОРОС ризикувајќи ја стабилноста во целиот регион како што тоа сега се случува во Македонија, изјави Јанша пред европските лидери и раководството на Европската Народна Партија.

Инаку, на Когресот во Малта се усвојуваат повеќе резолуции и декларација. Една од нив е и документот “Европа ја обезбедува иднината” во кој е вклучен и Западниот Балкан. Во оваа резолуција изрично стои дека државите од Западниот Балкан во кој спаѓа и Македонија мора да бидат интегрирани во Европската Унија.

-Скорешната историја ни дава посебна одговорност за Западниот балкан. Единствено интеграција во ЕУ може да обезбеди сигурност од конфликтност и дезинтеграција, стои во резолуцијата. Понатаму се вели дека целосно членство во Европската Унија не значи само партнерство туку и градење на други форми на соработка од сестран карактер со кој ќе се зацврсти и самата унија.

Исто така се носи и резолуција во која се критикува и осудува руското мешање во европските држави преку пропаганда, дезинформирање вклучувајќи медиуми, дипломатија, бизнис секторот. Во резолуијата се вели дека Европската народна партија е за добрососедска политика вклучително и русија, но нема да се дозволи руско мешање во политиките на Европската Унија.

На самитот во Малта учествува и делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Присуството на Конгресот на Европската народна партија (ЕПП), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го искористи за остварување билатерални средби и разговори со повеќе политичари кои се дел од семејството на Европската народна партија која е највлијателна сила во Европската Унија.

Тој оствари средба со унгараскиот премиер Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта,  претседателот на Националната партија на Малта Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Шмид , со Елмар Брок од Германија и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.

View image on Twitter
Работна средба на Никола Груевски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан
View image on Twitter
Никола Груевски и Јанез Јанша
View image on Twitter
View image on Twitter
View image on Twitter
Средба со домаќинот на ЕПП и Претседател ЕПП на Националната партија на Малта Симон Бушутил
View image on Twitter
View image on Twitter
Разговор со Кристијан Шмид, федерален Министер за земјоделие на Германија и Секретар за финансии

Денеска продолжува вториот ден од конгресот и самитот во Малта.