
Тракторист загина вчера откако со тракторот со кој управувал излетал од коловозот на локалниот пат с.Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница, соопшти денеска МВР.
М.П. (51) од с.Липец, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, излетал од патот и од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од полицијата од Виница, информира МВР.