
Неодговорното однесување на Никола Груевски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои со денови си зборуваат сами со себе, доби осуда и од демократскиот свет, реагираат од СДСМ.
На Груевски преку Резолуцијата усвоена од Европската народна партија јасно му беше ставено до знаење дека нема толеранција за корумпирани политичари и корупциски скандали. ЕПП ги осуди и провокациите и агресивното однесување кое претставува закана за мирот и стабилноста и истовремено повика на воздржаност од етнички провокации.
И германскиот Бундестаг упати порака до Груевски и Иванов дека мора да се почитува парламентарното мнозинство и дека нови избори не се опција.
Меѓународната заедница дава поддршка на огромното мнозинство од 700 илјади граѓани кои гласаа за промени и ја очекуваат новата реформска Влада, стои во соопштението.