Граѓаните со порака до Туск: Народот е тој кој одлучува, Македонија не ја даваме!

Реки народ се упатија кон седиштето на ЕУ со порака до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск со порака „Народот е тој кој одлучува, Македонија не ја даваме!“.

-36-ти ден како повторуваме, не сакаме двонационална, двојазична Македонија, туку мулти етничка Македонија, заедничка Македонија, 36-ти ден како повторуваме дека нема дебата за знамето, за химната, за државниот грб, нема дебата за името на Република Македонија. Македонци некогаш во нашата земја и во оваа зграда доаѓаат луѓе, кои што мислат дека можат да ни го свиткаат грбот, некогаш доаѓаат политичари со свои интереси и свои агенди, кои сакаат да не се сретнат со народот и да не го слушнат гласот на народот. Не некогаш доаѓаат и такви политичари кои имаат малку повеќе сенс за зборот суверенитет и такви политичари кои не се наметнуваат со такви решенија, кои резултираат со свиткана кичма, рече Богдан Илиевски во своето обраќање.

. Му посакуваме добредојде на господинот Туск и му посакуваме добро да не види колку сме, бидејќи ако повторно дојде некој Хан ние можеме да се собереме и во неколку пати поголем број од овој. Се надеваме дека ги слушнал нашите пораки и ќе ги пренесе кај неговите колеги во Брисел, од кои дел од нив сигурно мислат дека лесно може да се справат со нас, иако 36-ти ден по ред им гарантираме дека не е така. Ќе продолжиме да им гарантираме, да покажуваме и докажуваме дека никој не може да ја сака оваа земја повеќе од нас самите и никој не може да се бори повеќе за неа од нас самите. Добронамерниците ќе ги пречекаме како што треба, оние другите како што заслужуваат, додаде Илиевски.