
И покрај срамниот пораз од 6:0, кој фудбалерите на Арсенал го доживеаа на последниот дерби натпревар против екипата на Челзи, предводникот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини и понатаму е убеден дека „топчиите” се во игра за шампионската титула во англиската Премиер лига.
„Јас не мислам дека само Манчестер Сити и Челзи ќе ја водат битката за шампионската титула во англиската Премиер лига. Мораме да внимаваме и на Ливерпул, да пратиме што ќе направи Ливерпул на секој следен натпревар. Можно е да станува збор за еден лош ден, за еден лош натпревар, но Арсенал има само седум бода помалку од Челзи и поред мене, сите четири тима се во игра за шампионската титула. Во игра се уште многу бодови”, изјави чилеанскиот стручњак.