Во Грција за 24 часа пристигнале 124 мигранти

Во Грција во изминатите 24 часа пристигнале вкупно 124 мигранти и бегалци, соопштија властите во Атина.

На островот Лезбос пристигнале 80 лица, на Хиос 30 и на Лерос 14 мигранти и бегалци.

Според официјални податоци, во цела Грција и на островите денеска има вкупно 62.204 бегалци и мигранти.