![zoran-ilioski-640x374](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/zoran-ilioski-640x374.jpg?resize=640%2C374&ssl=1)
Пратеникот Зоран Илиоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изрази жалење што Зоран Заев после сите повици како од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, од народот кој што секојдневно е на улиците, така и од пратениците од СДСМ, се’ уште не излегува да каже дека ја прифатил Тиранската платформа
-Иако пратениците од СДСМ јавно го повикаа Зоран Заев да излезе на говорницата и да каже што прифатил, тој се уште не најде да ги удостои ниту сите пратеници ниту македонската јавност која со право е загрижена, вели Илиоски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ повторно се служи со истите сценарија како во минатото кога кукавички ги распродаваше националните и државните интереси и симболи како што се името, знамето и катастрофалната територијална распределба.