Германија одобри нацрт-закон за санкционирање на социјалните мрежи поради лажни вести

Објавите кои се експлицитно клеветнички, треба да бидат избришани или блокирани во период од 24 часа по пријава за нив, а содржина спротивна на законите треба да биде избришана или блокирана во рок од седум дена по пријавата. Социјалните мрежи што нема да го почитуваат тоа може да бидат казнети со суми до 50 милиони евра, се вели во документот.

Нацрт-законот, којшто во март го претстави германскиот министер за правда Хајко Маас, оди на расправа и гласање во Парламентот.