Деветто продолжение на конститутивната собраниска седница

Во Собранието на Република Македонија за денеска е најавено продолжение на конститутивната седница на која треба да се дебатира за избор на претседател, заменик – претседател, членови и нивни заменици на комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Пратениците деветти ден ќе дебатираат за предлогот за состав на собраниската комисија, што е предуслов за избор на претседател на парламентот.

Согласно договореното, во комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.