![133645033](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/04/133645033-3.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Сообраќајната полиција вчера санкционирала 78 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 80 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 63 возила.