
Четириесет дена им викаме „ДОСТА Е“, „СТОП на притисоците врз Ѓорге Иванов“, „СТОП за обидите Македонија да биде ставена на Тиранска платформа“, „СТОП за обидите да се избере Претседател на Собранието, кој нема да го отфрли овој срамен документ, направен во друга држава“ и „СТОП, нема да ви помине, црвено-жолтото море, црвено-жолтата линија е тука“, рече на масовниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, член на иницијативата.
Илиевски дека досега 40 дена биле на улиците, но дека ќе останат колку и да треба, изразувајќи благодарност и поддршка на Претседателот Ѓорге Иванов.
„Четириесет дена поминавме, ќе поминеме уште колку и да треба и секој ден ќе ја искажуваме нашата благодарност и поддршка за Ѓорге Иванов. Човекот кој што ни ги донесе победите, човекот што стои зад нас и човекот зад кој стоиме ние се додека стои и тој на својата заклетва, да го чува суверенитетот на Република Македонија“, рече Илиевски.