Продолжение на конститутивната седница на Собранието

За денеска во 11 часот е закажано продолжението на конститутивната седница на Собранието на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија. Согласно договореното, во комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.