
Грција денеска, со паради и свечености ширум земјата, ќе одбележи 193 години од почетокот на војната за независност од Отоманското царство, чиј исход беше воспоставување на модерна грчка држава.
Државниот празник, 25-ти март, Денот на независноста на Грција, ќе биде прославен со воена парада во Атина, во присуство на политичко и воено раководство на земјата.
Грчкиот претседател, Каролос Папуљас, навел дека грчката војна за независност ја покажува „со обединетост, храброст и одлучност може да се постигне и невозможното“.
„Конечниот излез од актуелната криза е можен само доколку веднаш се спроведе планот за обнова“, рекол Папуљас, нагласувајќи дека целите се зголемување на вработеноста, ликвидност на системот, како и поголема транспарентност.