ВОЗНЕМИРУВАЧКO ВИДЕО: Зошто? – филм посветен на бомбардирањето на Србија

„Зошто?“ е српско-руски  филм посветен на големата трагедија која се случи во Србија и Косово пред 15 години. Овој документарец  за бомбардирањето на Југославија, е дело на Јелена Милинчиќ и американката Анис Нуау. Тие разговарале со сведоци на трагичните настани од бомбардирањето на Србија во 1999 година, во кое настрадаа повеќе од 2000 цивили, меѓу кои 88 деца.

Филмот премиерно беше пуштен на телевизискиот канал „РТ“ по повод одбележувањето на 15 годишнината од бомбардирањето од страна на НАТО.

Документарецот потсетува на хоророт кој го живеаа Србите 78 дена. Филмот пренесува автентични прикази на бомбардираните згради и вознемирувачки снимки од мртви и ранети.