Зголемен бројот на туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во февруари годинава, во однос на истиот месец од 2016 година, е зголемен за 15,9 проценти, а бројот на странските туристи пораснал за 12,2 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,1, додека бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 17,8 проценти.

Во периодот јануари-февруари 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13,4 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 12,7, а кај странските за 13,9 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата пораснал за 11,1 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,2, а кај странските за 16,6 отсто.