
Во дневниот Билтен МВР информира дека вчера во 15:50 часот во Скопје, во депото на Македонски железници, 14-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. Кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, од струен удар добил тешки телесни повреди. Екипа на Итна медицинска помош малолетникот го пренела во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.
Ист случај е евидентиран од МВР вчера во 19.05 часот во депото на Македонски железници, каде 15-годишник од Скопје се качил на вагон-цистерна со намера да се фотографира. И тој добил тешки телесни повреди од струен удар откако се доближил до електричниот вод под висок напон. Бил пренесен во Ургентен центар Скопје и е задржан на понатамошно лекување.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случаите.