Разоткриени големите мистерии на Дејвид Коперфилд

Еден готвач од Англија на своето патување од соништата дознал како работат илузиите на Дејвид Коперфилд во реалноста. По учеството во една точка, добил трајна повреда на мозокот.

Готвачот Гевин Кокс во Лас Вегас бил избран да учествува во една точка на Коперфилд, во која и настрадал, а илузионистот тврди дека не е одговорен за повредата.

Во судскиот процес, во кој Гевин го тужи Коперфилд, откриена е една од најголемите тајни на Коперфилд – како се збогатил и станал милионер.

Еве како изведувал некои од своите трикови.

Луѓе кои исчезнуваат од кафез

Гевин Кокс учествувал во оваа точка. Од публиката биле избрани 12 луѓе, меѓу кои бил и тој. Биле ставени во кафез на сцената, а потоа со помош на „магија“ се појавиле во задниот дел на салата. Значи, Коперфилд прво фрла топки кои светат во публиката. Оние кои ќе ги фатат, излегуваат на сцената и влегуваат во кафез со батериски ламби. Преку кафезот се спушта завеса, а батериските ламби продолжуваат да светат зад неа. Одеднаш наводно сите ламби паѓаат, а луѓето исчезнуваат од кафезот. Зад сцената доброволците трчаат низ таен и мрачен премин (во кој Кокс паднал и се повредил), излегуваат надвор и влегуваат во салата на главниот влез, зад грбот на публиката, со батериските ламби во раце.

Премин низ Кинески ѕид

Никој не верува дека Коперфилд навистина поминува низ ѕид, но овој трик се’ уште е една голема мистерија. Како преминува на другата страна? Во моментот кога илузионистот ќе зајде зад платното, се случува пресврт. Сенката која ја гледаме не е негова туку на асистент кој е сокриен одзади. Тој влегува во светлината во моментот кога Коперфилд влегува во кутијата. Асистентот се преправа дека се обидува да помине низ ѕидот и исчезнува во него. Всушност, само се поместува во дел од кутијата кој не е осветлен. Се работи за светлосен ефект. Потоа се сокрива во платформата. Во меѓувреме Коепрфилд отвора тајна врата во подот, се симнува на подвижни скали кои се поместуваат од другата страна на ѕидот и повторно излегува од дупката.

Левитација

Идејниот творец на илузијата Џон Коген открива за што се работи. Коперфилд виси на жици. Потенки се од еден милиметар и публиката не може да ги види. Секоја жица може да издржи товар од 100 килограми. Закачени се за колковите на Коперфилд и покриени со облека. Над сцената се прицврстени за конструкција која ја контролира компјутер и секоја жица попушта и се затега во зависност од тоа што прави изведувачот. Но што се случува кога Коперфилд докажува дека не користи жици?

Кога поминува обрачот околу него, всушност никогаш не поминува над него, туку под него. Тоа е оптичка илузија. Ако гледате внимателно, ќе забележите. Кога лебди во стаклена кутија, врвот на кутијата се наоѓа меѓу два сета жици во ветрикална положба, пред да заротира за 90 степени и да се спушти. На тој начин жиците поминуваат низ процеп меѓу поклопецот и страниците.