Подочниците се естетски проблем кој настанува од повеќе причини, кои најчесто се здружени. Се смета дека настануваат како последица на бројни дегенеративни промени при стареење. Токму поради тоа подочниците се сметаат за едни од главните знаци на стареењето.
Се јавуваат и кај помлади но во тој случај се генетски предиспонирани. Подочниците се најчесто обележени со темноцрна пребоеност, оток и пигментација под очите. Најчесто настануваат поради слаба циркулација, успорен метаболизам, градбата и обоеноста на кожата.
Нивниот развој зависи од генетиката,внатрешни и надворешни фактори.Со стареењето доаѓа до спуштање на лицето поради губење на поткожното масно ткиво, се зголемува растојанието помеѓу долниот капак и образот и настанува вдлабнатина во кожата која ги создава подочниците. Поради тоа лицето изгледа вдлабнато во тој дел, што дава изглед на болест, замор или старост.
Главна карактеристика на младешкиот изглед се полни образи со минимално растојание помеѓу долните капаци и образите. Слабеењето на сврзното ткиво создава можност за продирање на масното ткиво кое ја исполнува очната шуплина, создава оток под очите и на тој начин се создаваат подочниците.
Што се „ќеси” под очите?
Ќеси под очите се дегенеративни промени кои настануваат како резултат на слабеење на сврзното ткиво под долните капаци,со што се создава вишок на кожа. При процесот на стареење масното ткиво кое ја исполнива очната шуплина и му дава потпора на окото, излегува нанадвор.
Луѓето често ги нарекуваат ќеси под очите, но всушност се работи за подочници. Во вистинска смисла на зборот вишокот на кожа под очите создава ќеси под очи.
Дали има разлика помеѓу подочници и ќеси под очите?
Постои разлика, првенствено поради причината за нивното настанување. Подочниците се јавуваат кај помлади, а ќесите под очите почнуваат да се создаваат после 35-тата година. Со текот на времето поради дегенеративни промени ќесите под очите честопати се здружени со подочници.
Кои се причините за создавање на подочниците?
Причина за создавање на подочници може да биде генетска предиспозиција, пушењето, лоша циркулација, лоша исхрана, алергиски реакции или неправилен ритам на спиење. Најчесто појавата на подочници не претставува знак за заболување на внатрешните органи, но секако е јасен сигнал дека нешто треба да се преземе.
-Прва причина е стареењето, при што, со текот на годините, попуштаат лигаментите кои ги држат масните перничиња на подочниците, поради што тие стануваат впечатливи.
-Втора причина за формирање на подочниците е постепеното губење на масното ткиво кое се наоѓа под нив. На тој начин подочникот станува поизразен и се чини поголем и ако е со иста големина.
-Трета причина за појава на ќесите и темните кругови под очите е нарушување на циркулацијата во таа регија и нагласување на венскиот сплет.
Кои се ефикасни методи за отстранување на темните подочници?
Карбокситерапија
Карбокситерапијата е во моментов најсилна метода за трајно подобрување на циркулацијата на кожата и поткожното ткиво.
Процедурата се состои во апликација на медицински гас во ткивото, по што организмот по природен пат носи големо количество на кислород во третираната регија. Резулататот е огромна циркулација и оксидација на ткивото во третираната регија во текот на наредните 3 часа после процедурата.
Подобрување во изгледот на капаците се гледа веднаш после првиот третман, но за постигнување на долготраен ефект потребно е повторување на третманите во текот на 8 недели. Процедурата не е болна и трае кратко. Се јавува благо црвенило 20 минути после апликацијата на гасот.
Кислородна терапија со витамински коктели
Длабинска хидратација и регенерација во две етапи: ултразвучно прочистување на порите и отсранување на мртвите клетки: и кислородно потхранување на кожата и безиглена мезотерапија со серум исклучиво наменет за зоната под и околу очите. Ефикасна и комфорна метода за отстранување на подочниците.
Мезотерапија
Мезотерапијата може значително да ја подобри бојата на подочниците, како и да ја намали големината на масната кеса. Резултатот е видлив после две спроведени процедури,а потребно е да се направат 4-6 третмани во текот на исто толку недели.
Хемиски пилинг
Хемискиот пилинг може да го поправи тонусот на кожата и да ја намали пигментацијата.
Третман со хијалуронски филер
Апликација на хијалуронска киселина во делот под очите и во јаболчниците може да го намали уморниот изглед на лицето и големината на подочниците. Трајноста на оваа интервенција е околу една година а процедурата е потполно безбедна.
PRP (Platelet Reach Plasma)
Тромбоцитната плазма е центрифугат од крвта на пациентот, која содржи голем број на тромбоцити, а со тоа и многу фактори на раст кои ги стимулираат процесите на регенерација на кожните клетки.
Методата е потполно безбедна бидејќи немаме можност за алергиска реакција и други имунолошки реакции, бидејќи се користи плазмата од самиот пациент. Земената крв се центрифугира и од неа се издвојуваат тромбоцитите кои содржат фактори на раст. Со додавање на ДНК активатор,истите ги активираме.
Потоа плазмата се вбризгува во кожата на пациентот со мезотераписка техника. Плазмата ги стимулира клетките на кожата да се регенерираат и повторно да изградат младо кожно ткиво. Со оваа метода успешно се третираат подочниците, но и целото лице.
Радиобранови
Со електромагнетната енергија се зајакнува циркулацијата и лимфната дренажа со создавање на нов колаген, а со тоа и задебелување на кожата. Потребни се 3-4 третмани,а резултатите се видливи неколку месеци после третманот, а ефектот се потенцира во наредните 12 месеци. Третманот е безболен и апсолутно комфорен. Истиот поволно влијае на отстранување на масното ткиво под очите и затегнување на кожата.
Биоревитализација
Биоревитализацијата е метода која во најкраток рок ја хидрира кожата и истовремено ја подмладува. Најчесто се користат препарати на база на хијалурон, кој инаку се наоѓа во нашата кожа.
Сите процедури успешно ги применуваме во нашиот Центар а доказ за тоа се многубројните задоволни клиенти.Советуваме конзумирање на поголемо количество на вода,бидејќи водата е битен фактор за отстранување на подочниците,особено при третманите.
СЕКОЈ МЕСЕЦ ANTI AGING CENTER BY PROMOITALIA ГИ РАДУВА СВОИТЕ ПАЦИЕНТИ СО ПОПУСТИ НА НЕКОЛКУ ТРЕТМАНИ.ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА МОМЕНТАЛНИТЕ АКЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ НА НАШИОТ САЈТ www.antiagingcenter.mk ИЛИ НА ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА : Anti Aging Center by Promoitalia.