
На денешната Собраниска седница, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова ги праша пратениците на СДСМ дали со молчењето ја одобруваат Тиранската платформа која е верификувана во туѓа држава.
– Ги нема пратениците од СДСМ во Собраниската сала да ни одговорат дали се согласуваат со овој документ кој што е верификуван во туѓа држава. Сега за сега никој не се оградува не знам дали молчењето значи дека се согласуваат, но исто така сакам да ве потсетам, вие рековте дека граѓаните кои што гласале за СДСМ или не знам за шарената револуција не се согласуваат со оваа Тиранска Платформа, истакна Рангелова.
Таа додаде дека токму оние граѓани кои гласале за СДСМ и им дали право на пратениците на СДСМ да одлучуваат во нивно име треба да ги повикаат и прашаат дали има платформа или нема.