Груевски оствари средба со Младен Иваниќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со Владимир Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ на која двајцата соговорници позитивно ги оценија односите меѓу двете земји кои се карактеризираат со взаемно пријатество и разбирање.

Груевски, соопштуваат од партијата, го запозна својот соговорник со аспектите на политичката криза наметната од опозицијата, и позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на клучните прашања и начините за надминување на предизвиците.

gruevski-ivanik1

-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата договорена во соседна држава од премиерот на Албанија Рама, од Тирана, и негативните последици што се предизвикуваат од таквото мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Беше посочено дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо што Тиранската платформа стана основа за договор и функционирање на владата договорена од СДС, платформа која не беше понудена на избори со што практично се прави изборна измама на граѓаните, стои во партиското соопштение.

gruevski-ivanik2

Било истакното дека ВМРО-ДПМНЕ е за зачувување на унитарноста, граѓанскиот карактер и почитување на правата и принципиелна поддршка на сите заедници во државата, и соживот меѓу Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите Власите, Бошњаците и останатите.

Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека единствениот начин за излез од политичката криза, и постигнување на стабилност е спроведување на брзи парламентарни избори, заедно со редовните локални избори каде граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската Платформа која ја прифати СДС.