Српскиот Министерот за финансии, Лазар Крстиќ денеска на седницата на Собранието на Србија изјави дека се подготвува стратегија за банкарскиот сектор, кој е во државна сопственост.
„Ние подготвуваме стратегија која до сега не е направена и веќе преземавме чекори за да избегне ситуација која ја имавме со три банки во државна сопственост,“ изјави Крстиќ во текот на амандманската расправата на Предлог буџетот за 2014 година
Предуслов за исполнување на замислената стратегија е да се спречи понатамошното одливање на средства низ банките, на неадекватен начин.
Крстиќ потсети дека е основан Финансиски комитет за стабилност, на кој се дискутирало за банкарскиот сектор.
„Од сите државни банки побаравме вонредна ревизија и речиси сите дојдоа во министерството. Веќе составивме неколку алтернативи за стратегија на банкарскиот сектор, кој е во државна сопственост.Ќе видиме кој е вистинскиот начин за следната година да се консолидираме, за да не се создаде фискален ризик, кој моментно постои во системот,“изјави српскиот министер за финансии.