Абрамович нуди дури три понуди за Диего Коста

Англиските медиуми и понатаму се убедени дека лондонскиот премиерлигаш Чезли се уште важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на најголемата ѕвезда во дресот на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Коста.

Не една, сопственикот на лондонските „сини”, Роман Абрамович е подготвен да испрати неколку примамливи понуди до раководните лица на Атлетико (М) веднаш откако ќе стартува летниот преоден рок.

Првата понуда на Абрамович ќе биде само парична и истата нема да биде помала од 40 милиони евра, но таквата најверојатно ќе биде одбиена од челниците на шпанскиот клуб.

Втората понуда ќе биде комбинирана, парична од 20 мил. евра со опција во обратната насока да се упати и миленикот на најверните фанови на Атлетико (М), најскапата аквизиција во клупската историја на Челзи, Фернандо Торес.

Доколку и оваа понуда биде одбиена, Абрамович ќе испрати нова, а во истата ќе ги понуди само услугите на Фернандо Торес и тие на Тибо Коуртуа кој веќе две сезони брани како позајмен голман во дресот на Атлетико (М).