
Владиката Иларион од денешниот собир кај манастирот „Добра вода“ кај Оризари непосредно пред уписите во средно училиште упати повик до сите заинтересирани деветооделенци да се запишат во средното богословско училиште.
– Ние како црква повикуваме и даваме благослов на сите оние кои што се заинтересирани да се запишат во богословското средно училиште кое што трае пет години и каде што ќе ги изучат богословските теолошки науки и ќе се подготват за идни свештеници пастири на црквата Христова. Сите заинтересирани кои што сакаат да се запишат во средното богословско училиште можат да се обратат и да се јават во Митрополијата за да се договориме како понатгаму, рече Иларион, Митрополит Брегалнички.
Владиката додаде дека сите заинтересирани идни средношколци ако имаат дополнителни прашања или нејаснотии и ако им треба помош околу запишувањето да се јават кај свештениците и во епархијата.