Маж со нож уапсен на париската железничка станица

Париската полиција уапсила во саботата попладнето на железничката станица Гар ду Норд маж кој носел нож и се упатил кон полициските службеници.

Маж со нож влегол на железничката станица, за него била предупредена полициската патрола којашто веднаш го уапсила, пренесува AFP повикувајќи се на полициски извори.

Во инцидентот кој се случи само два дена по смртоносниот напад врз полицајци на париската авенија Елисејски полиња, нема повредени. Мажот, чиј идентитет засега не е објавен, не давал отпор при апсењето.

Според полициските извори, апсењето предизвикало паника меѓу патниците и на станицата биле најдени оставени багажи на патници.

Портпаролот на француската државна железничка компанија SNCF потврдил дека станицата е повторно отворена по инцидентот.

Засега нема докази дека саботниот инцидент е поврзан со тероризмот, како нападот изведен од 39-годишен Французин од арапско потекло во четвртокот навечер во кој беше убиен еден а ранети двајца полицајци.