
„Заштити, спречи, вакцинирај” е овогодинешното мото на Европската недела на имунизација која се одбележува и во нашата земја. Во рамки на ЕНИ се одржуваат повеќе активности во кое свое учество земаа и медицинските експерти во областа на имунизацијата.
Гласот на експертите е клучен во подигање на свеста за важноста на имунизацијата и надминување на сите дезинформации за вакцините кои ги заплашуваат родителите.
Спец.др Даниела Марковска, специјалист од областа на семејната фамилијарна медицина во отсекот превентива-предшколска вакцинација при Здравствен дом Скопје, вели дека имунизацијата може да спаси многу животи. Таа е дел медицинскиот тим кој работи во делот на вакцинацијата и кои се секојдневно во контакт со родителите и децата.
Зошто е важна Европската недела на имунизација?

Постои теза дека секое дете заслужува здрав почеток во животот, токму поради тоа сите држави вклучително и нашата ја користат ЕНИ за подигнување на свеста кај населението но и за да ги зајакнат сопствените системи на имунизација. Само на тој начин се отстранува ризикот од повторно појавување на некои високо заразни заболувања кои предизвикуваа смрт, болести, инвалидност како и оптеретување на здравствениот систем и родителите. Да се потсетиме дека многу тешки заболувања се искоренети како парализа, дифтерија, вариола вера.
Какви се активности се спроведуваат посветени на Европската недела на имунизацијата и кој е бенефитот од нив за вас како здравствени работници?
Прашањето на вакцинацијата е еден од приоритетите на кои нашите здравствени власти посветуваат големо внимание но и ние лекарите и медицинските тимови кои се соочуваме со различни предизвици. Минатата недела се спроведоа работилници и едукативни предавања за имунизација во соработка со СЗО, Министерството за здравство, ЈЗУ Здравствен дом Скопје, Институт за јавност здравје и Медицинскиот факултет. Овие предавања се спроведоа од експерти во областа на имунизацијата на кои можат да се детектираат предизвиците со кои се соочуваат медицинските тимови и родилиштата. Исто така голем акцент се става и на антивакциналните кампањи на социјалните мрежи на кои коментираат нестручни лица, се носат стратетии и се разгледуваат нови достигнувања во имунизацијата како и новините во имунизацискиот календар на Република Македонија.
Споменавте носење стратегии во делот на имунизацијата. Кои се клучните пораки од овие активности кои вие лекарите специјалистите и сите засегнати треба да ги реализирате во идниот период?
Беа донесени неколку клучни цели или пораки на кои во наредниот период ќе се работи. Тоа е пред се имунизацијата во раната детска возраст односно детство од 0-5 години ( да не се одложува вакцинацијата и редовно да се примаат вакцини). Потоа имунизацијата во адолесценцијата преку ревакцинација со цел да се добие потполна заштита низ годините. Тука спаѓа и имунизација на возрасните ревакцинации за доживотна заштита против Хепатит Б, тетанус, голема кашлица. Како и имунизација на здравствени работници кои се под визок ризик на работното место. На кратко целта е многу јасно поставена имунизацијата мора да биде 100%!
Пред неколку дена министерот за здравство , Никола Тодоров изјави дека Македонија е една од земјите со највисок опфат на вакцинација и дека сите вакцини кои се увезуваат се одобрени од Светската здравствена организација. При што ги повика родителите да не го одложуваат вакцинирањето на своите деца. Инаку Европската недела на имунизација е регионална иницијатива координирана од Светската здравствена заштита и се одржува секоја недела во месец април. Првата Европска недела била одржана во 2005 година а Република Македонија како дел од регионот и земја со висок степен на имунизација активно учествува во оваа иницијатива. Изминатиот викенд беше одржан од настан по 12-ти пат од информативен карактер.
Податоците говорат дека во 2002 година европскиот регион бил официјално прогласен за регион без детска парализа а бројот на случаи на мали сипаници во овој регион опаднал за повеќе од 90% во периодот од 1993 до 2007 година.