„Центар сака да дише“: Маџир Маало во 21 век без фекална и атмосферска канализација

Негрижата на општина Центар и градоначалникот Жерновски кулминира, објавено е на ФБ групата „Центар сака да дише“.

ЦентарСакаДаДише разговараше со неколку соседи од Маџир Маало, населбата која во 21-ви век нема фекална и атмосферска канализација, а да не зборуваме за пристојни и асфалтирани улици или пак места за спорт и рекреација или прошетки со најмладите.

И тоа што го има, негрижата на градоначалникот, го довела во катастрофална состојба. Се надеваме дека ова ќе го освести градоначалникот Жерновски, порачуваат од „Центар сака да дише“.